ОДРЖАНА УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛИГА ВО ФУТСАЛ 2014/2015

12.06.2015

Во Универзитетската спортска сала „Павел Шатев“ во Битола, на 10.06.2015 година се одиграа финалните натпревари од Универзитетската лига во футсал на УКЛО.

На овој значаен спортски настан којшто се одржуваше во изминатите два месеца, учество зедоа над 100-на студенти кои одиграа 40 натпревари.

На трите најдобропласирани екипи: Технолошко – технички факултет – Велес Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола и Економскиот факултет – Прилеп, им беа доделени пехари и медали за освоените места, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници и признанија за учеството во оваа студентско - спортска манифестација.

Универзитетската лига во футсал на УКЛО беше 5-та по ред Универзитетска лига организирана од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.


Scroll to Top