Работилница „Национално помирување“
16.06.2015
Францускиот институт во Скопје и Институтот за истражување и европски студии од Битола заедно со Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ како и Амбасадата на Франција во Македонија, Француското Конзуларно претставништво и Француската Алијанса во Битола организираа предавање и работилница на тема национално помирување.
Предавањето и работилницата беа одржани од страна на г-ѓа Ан Базен, професор на Факултетот за Политички науки во Лил и признат експерт во изнаоѓање решенија во случаите на политички конфликти во насока на национално помирување.
Учесниците на предавањето и на работилницата, за која беше обезбеден и превод добија сертификати за нивното учество на настанот.
Студентите беа исклучително задоволни од реализацијата на оваа иницијатива за чија успешност и самите придонесоа со својот проактивен однос и учеството во дебатирањето.
Работилницата се одржа на 10 јуни 2015 година во новите конферециски простори при НУ МУБ „Св. Климент Охридски“ .
Предавањето е во рамките на циклусот на студии и аналитики којшто е поддржан од страна на Програмата Фонд д’Аламбер.