Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј

18.06.2015

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар  

 

 

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студенти на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во академската 2014/2015 година;

· Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд

- најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј

Истражувачкиот труд, односно есејот, се изработува по слободен избор и тема на студентот, притоа, да не се објавени, односно изработени пред почетокот на академската 2014/2015 година

Начин на доставување на трудовите:

Трудот, односно есејот се доставува во поголем плик на кој е наведена само шифрата со којшто се конкурира, со јасна назнака дали станува збор за есеј или истражувачки труд

Трудовите се доставуваат во три примероци во материјална и еден во електронска форма, под шифра, најдоцна до 31. 10. 2015 година. Личните податоци се ставаат во помал, запечатен плик, при што се

наведуваат: името и презимето, насловот на трудот, односно есејот, шифрата со која се конкурира, бројот на индексот и називот на високообразовната институција

· Доставувањето може да се врши лично, во архивата на Универзитетот или на адреса: Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Булевар 1-ви Мај бб 7000 Битола.

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно, есеите.

Комисиите ќе ги дисквалификуваат кандидатите коишто не ги почитувале наведените начини за доставување на трудовите

За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и пооделно по три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови и тоа:

· прва награда 20.000 денари

· второ награда 15. 000 денари

· трета награда 10.000 денари

Поблиски информаци на телефон: 047 223 788, локал 109 или на

betiatanasoska@gmail.com

elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk

 


Scroll to Top