Живеење во демократија- семинар на УКЛО

23.06.2015

Универзитетот за образование на наставници во Цирих и Советот на Европа, заедно со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се организатори на  семинарот, Живеење во демократија.

Учесници на обуката се наставници од основните и средните училишта од Битола кои се оспособуваат за подготовка на прирачници за совладување на основните демократски вредности и нивно вклучување во наставни единици по сите предмети.

Семинарот го одржуваат професорите д-р Ролф Голоб, почесен доктор на науки на УКЛО  и Џели Арони од Советот на Европа.

Работилницата се одржува од 22 - 25 јуни 2015 година и е дел од истоимениот проект меѓу двата Универзитети.


Scroll to Top