Уписи УКЛО

17.08.2015

Пријавувањето во првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола во текот на трите уписни денови, од 12 – 14 август 2015  е спроведен успешно.

Бројот од околу 1300 пријавени кандидати е на очекуваното ниво и соодветствува со предвидената динамика, слично како и минатата година.

За незапишаните, УКЛО ќе спроведе уште два уписи. Вториот уписен рок ќе се одржи на 2 и 3 септември, а третиот на 14 септември 2015 година. Во престојните уписи, право да конкурираат за индекс имат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит во стручно училиште.

И во новата академска година Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола ја продолжува заложбата за стипендирање на најдобрите. Највисоко рангираните студенти во првиот уписен рок се ослободуваат од плаќање партиципација.

Според Конкурсот, во академската 2015/2016 година на прв циклус студии на Универзитетот „Св.Климент Охридски” - Битола има вкупно 3803 места: 2090 во државна квота, 965 со кофинансирање и 748 за вонредни студии.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии  и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии. 


Scroll to Top