Упис за втор и трет циклус студии

17.08.2015

На Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола од 17 – 27 август  се реализира првиот уписен рок на втор циклус студии (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии.

Идните магистранти имаат можност за избор од 1185 места од кои 110 се за специјалистички стручни студии.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во духот на обезбедување и стимулирање на потребниот квалитет и во новата академска година донесе Одлука на секоја студиска програма, 5 проценти од најдобро рангираните запишани студенти да бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето.

За докторските студии, УКЛО нуди 111 места организирани на 18 студиски програми.

За заинтересираните кандидати кои нема да се запишат во првиот уписен рок, на располагање ќе им бидат уште два уписи, во септември и октомври.


Scroll to Top