Нова академска година на УКЛО

11.09.2015

Првиот академски час  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи на 15.09.2015 година, вторник, со почеток во 12.00 часот, во амфитеатарот на Технички факултет-Битола.

На настанот ќе присуствуваат студенти и академски кадри од вискообразовните институции на УКЛО со седиште во Битола.

Покрај ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, предвидено е обраќање и на новоизбраниот ректор, проф. д-р Сашо Коруновски.

По повод одбележувањето на почетокот на новата академска година, ќе бидат доделени стипендии обезбедени од познати компании, а на најдобро рангираните студенти, покрај индексите ќе им бидат врачени и стипендиите што ги обезбедува Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. 


Scroll to Top