Одбележан Првиот академски час на УКЛО

15.09.2015

Почетокот на новата академска година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржa на 15.09.2015 година, во амфитеатарот на Техничкиот факултет-Битола.

На заедничкиот, прв академски час присуствуваа студенти и академски кадри од единиците во состав на Универзитетот, чие седиште е во Битола.

Покрај домаќинот, деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Стојанче Нусев, обраќање до студентите имаа актуелниот ректор, проф. д-р Златко Жоглев и новоизбраниот ректор, проф. д-р Сашо Коруновски.

Почетокот на новата академска година е одбележан со уште два значајни моменти. Доделени се стипендии за студенти од Техничкиот факултет обезбедени од познати компании и врачени се првите индекси. Таа чест им припадна на најдобро рангираните бруцоши кои се ослободени од плаќање на трошоците за студирање, што претставува своевидна стипендија. На овој начин, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го промовира знаењето и вложениот труд и дава поттик и поддршка на најдобрите.


Scroll to Top