Избран новиот ректорски колегиум на УКЛО

24.09.2015

На 1 октомври, новоизбраниот ректор  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски  започнува со работа.

Пред официјалното преземање на функцијата, комплетиран е и новиот ректорски колегим, со што УКЛО доби целосно ново раководство.

По утврдување на проф. д-р Марјан Ангелски, проф. д-р Елизабета Бахтовска, проф. д-р Виолета Маневска и проф. д-р Светлана Николоска за кандидати за проректори со дефинирани ресори на делување: за настава, наука, студентски работи и финансии и развој, Универзитететскиот сенат, низ соодветна процедура го избра новиот проректорски тим.

На овој начин, од октомври 2015 година, со новата кадровска постава на УКЛО започнува нова фаза во управувањето и целокупното функционирање на Универзитетот.


Scroll to Top