За заедничкиот проект со Универзитетот во Бамберг

25.09.2015

Проектот на УКЛО со Ото–Фридрих Универзитетот во Бамберг, Дигитализација на јазичното културно наследство: Натписите на Св. Наум, е презентиран и пред средствата за информирање.

На 25 септември, 2015 година, во Ректоратот на Универзитетот, проф. д-р Себастијан Кемпген, воедно и почесен професор на УКЛО, говореше за целите и научните придобивки од Проектот. Покрај изработка на дигитални модели на столбови од натписите на Св. Наум, во висока резолуција, активностите ќе овозможат верификација на познати натписи и пронаоѓање нови.

Резултатите ќе бидат ставени на располагање на истражувачи од областите на јазично-културната меморија и културното наследство и други  институции.

Проектот, Дигитализација на јазичното културно наследство: Натписите на Св. Наум се остварува со соодветни одобренија од Министерството за култура и МПЦ.

 


Scroll to Top