Започна мандатот на новото раководство на УКЛО

01.10.2015

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 1 октомври 2015 година стапи  на должност новото раководство.

Во наредниот четиригодишен период, управата на Универзитетот е во состав:

Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор

Проф. д-р Марјан Ангелески, проректор за настава

Проф. д-р Елизабета Бахтовска, проректор за наука

Проф. д-р Виолета Маневска, проректор за студентски работи

Проф. д-р Светлана Николоска, проректор за финансии и развој

Новото раководство на УКЛО има мандат од четири години. Првиот работен ден беше одбележан со средби со претставници на медиумите и со состаноци  со  соработниците и вработените во централната служба на УКЛО.


Scroll to Top