Презентирани програмите на ДААД

01.10.2015

Во рамки на соработката на УКЛО со Германската академска асоцијација за размена (ДААД), се одржа презентација на можностите за студирање и начините за аплицирање за студиска стипендија  во Германија.

За заинтересираните студенти и академскиот кадар од УКЛО претставување на програмите на ДААД реализираа г-ѓа  Мајке Грезер и Анета Крстеска, претставници од канцеларијата за врски на ДААД.

Презентацијата се одржа на 06.10.2015  година, во амфитеатарот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Инаку, УКЛО и Германската академска асоцијација за размена (ДААД) остваруваат повеќегодишна соработка. 

 



Scroll to Top