АТС проектот избран од Европската Комисија како репрезентативен проект за поттикнување на растот и работните места

14.10.2015

По повод одбележувањето на 25 години од Интеррег, Европската Комисија избра 25 проекти врз основа на 5-те врвни достигнувања: градење доверба, поврзување, здравје, безбедност и раст. Проектот „Регионална сертификација на професионалните вештини во секторот за агротуризам“ со акроним: (АТС), којшто се реализираше на Факултетот за биотехнички науки во Битола во периодот од 22.03.2013 до 22.03.2014 г. е избран за достигнувањето раст, бидејќи на луѓето од руралните области на РГрција и РМакедонија им понуди можности и вештини за вклучување во секторот за агротуризам.

Повеќе информации:

http://www.interreg.gr/en/news/bilateral-cooperation-programmes/greece-former-yogoslav-republic-of-macedonia/815-greece-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia-project-select-as-a-flagship-project-by-the-european-commission.html


Scroll to Top