Словачкиот амбасадор во посета на УКЛО

16.10.2015

Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија  г-дин Мартин Безак на 16.10.2015 година го посети Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  и  со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски оствари работната средба во насока на продлабочување на процесите на соработка.

На средбата, гостинот се запозна со структурата на Универзитетот и подготвеноста на УКЛО за позасилена меѓународна соработка и поголема отвореност кон европскиот образовен простор.

Првата, официјална посета на УКЛО, Амбасадорот на Република Словачка г-дин Мартин Безак ја продолжи на Правниот факултет во Битола, каде за студентите и академскиот кадар  одржа предавање посветено на словачко - македонските односи.


Scroll to Top