Универзитетот од Гент, Белгија, УКЛО и EURAXESS во поддршка на прогресивните комуникациски линкови во рамките на Западен Балкан

21.10.2015

EURAXESS (http://ec.europa.eu/euraxess/) во моментот реализира караван за промоција, дисеминација и проширување на поддршката за студентите и младите истражувачи на мобилност, којшто се предвидува да помине низ 34 пунктови во 16 европски земји (мапа).

На 26 октомври 2015, караванот поминува низ Република Македонија, а централниот настан ќе се одржи во Скопје. Студентите и младите истражувачи од УКЛО, со организиран превоз, имаат можност да учествуваат на промоцијата и да реализираат директни контакти со професионалците од  EURAXESS, за да можат одблиску да се запознаат со начините за вклучување во европските траектории на истражувачите.

Оваа активност на УКЛО се реализира на иницијатива на Рената Петревска Нечкоска, PhD кандидат и Амбасадор на Универзитетот во Гент за BASILEUS алумните од Западен Балкан. 


Scroll to Top