УКЛО учесник на Конференција за регионален економски развој

04.11.2015

Во рамки на Европската недела на мали и средни претпријатија, МКЦ - Битола во соработка со Европската бизнис асоцијација на 3 ноември 2015 г. одржа Конференција на тема: „Малите и средни претпријатија за регионален економски развој“.

Од името на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на Конференцијата учествуваше проректорот за финансии и развој, проф. д-р Светлана Николоска. Таа се осврна на интересот и сериозноста со кои УКЛО приоѓа кон регионалниот економски развој и посочи конкретните примери преку кои се остварува  комуникацијата меѓу универзитетската средина и студентите, со реалниот сектор.  Најавени се и нови политики преку кои студентите ќе стекнуваат квалитетни знаења, компетенции и вештини.

На настанот покрај претставници од бизнисот, учество зедоа и личности од јавниот и политичкиот живот од Регионот. 


Scroll to Top