Соработка со Амбасадата на САД и Американското катче - Битола

04.11.2015

На 15 октомври 2015, ректорот на УКЛО, проф. Коруновски се сретна со г-ѓа Каролина Ортон, координатор на програмата за млади и образование при Амбасадата на САД во Скопје и г-ѓа Билјана Кузмановска, координатор и советник  за образование во САД од Американското катче-Битола и разговараше за воспоставувањето на новиот испитен центар за TOEFL на нашиот Универзитет. На работниот состанок, покрај деталите околу оргaнизирањето на испитниот центар, се разгледаа и други модалитети за соработка помеѓу Универзитетот и Американската амбасада, како и можностите за доближување на активностите на Катчето до студентите и кадрите на УКЛО.


Scroll to Top