Стипендии за стажирање од Фондацијата Д-р Зоран Ѓинѓиќ

04.11.2015

Во контекст на објавениот повик за стипендии за стажирање од Фондацијата Д-р Зоран Ѓинѓиќ, на 30 октовмри 2015, во просториите на ФИКТ, се одржа презентација на можностите за аплицирање за студентите на УКЛО.

Програмскиот координатор на Фондацијата Д-р Зоран Ѓинѓиќ (www.fond-djindjic.org), Саша Марковиќ презентираше дел од функционирањето на Фондацијата и стипендирањето во рамките на Програмата, со поддршка на Одборот на германските компании за Источна Европа. Студентите на УКЛО (на додипломски, на постдипломски студии и дипломци со првично работно искуство) имаат право да аплицираат  за 3- или 6-месечен практикантски престој во компании од редот на Bosch, Allianz, Commerzbank и сл. најдоцна до 15 ноември 2015.

Неопходните информации за секој апликант се достапни на www.djindjic-stipendienprogramm.de


Scroll to Top