Комплетирана лабораторијата за генетика на Ветеринарниот факултет

05.11.2015

На Ветеринарниот факултет во Битола, заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ја посети Лабораторијата за генетика, по нејзиното доопремување. На настанот присуствуваа ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, придружуван од проректорите: проф. д-р Светлана Николоска и проф. д-р Елизабета Бахтовска.

Лабораторијата за генетика содржи најмодерна опрема за испитувања на генетски модифицирана храна и храна од животинско потекло. Покрај академскиот кадар и студентите, лабораторијата ќе биде во функција на државни институции и стопанството.  

Од Ветеринарниот факултет информираат дека тимот што работи во Лабораторијата ќе добие дополнителна обука во странство. Лабораторијата за генетика на Ветеринарниот факултет е дел од проектот на Владата за набавка на над 80 лаборатории за Универзитетите во Република Македонија.

 


Scroll to Top