АМБАСАДОРКАТА НА АВСТРИЈА ГО ПОСЕТИ УКЛО

20.11.2015

Ректорот  на УКЛО, проф. д-р Сашо Корунoвски оствари средба со Амбасадорката на Австрија, НЕ м-р Ренате Коблер.

Во текот на средбата на која присуствува и проректорите, проф. д-р Елизабета Бахтовска и проф. д-р Виолета Маневска, Амбасадорката Коблер се запозна со приоритетните активности врз кои е фокусиран Универзитетот.

Притоа, разгледани се и можностите за унапредување на соработката во виското образование, благодарение на искуствата со неколку универзитети. Посебно е нагласен фактот што УКЛО е преставува единствен Универзитет во државата што располага со сопствена австриска библиотека, што овозможува значаен придонес во делот на изучувањето на германскиот јазик и културната соработка меѓу двете земји.

Во рамките на првата посета на Универзитетот,  Амбасадорката на Австрија ја посети и НУБ „Св. Климент Охридски“, придружна членка на УКЛО.

 


Scroll to Top