Завршија државните универзитетски лиги на Република Македонија

12.05.2009

Спортските екипи на УКЛО  успешно ги завршија натпреварите од Државните Универзитетски лиги.

Студентите од нашиот Универзитет  се натпреваруваа во мал фудбал, кошарка и пинг – понг.

Најуспешна беше екипата во пинг – понг која го освои првото место во Лигата и во Државниот куп и се закити со златен и сребрен медал на Државното поединечно првенство.

Екипите во мал фудбал и кошарка се рангираа на второтo место.

Scroll to Top