Одбележување на Патрониот ден на УКЛО

02.12.2015

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола на 2.12.2015 година одржа Свечена седница на Сенатот, со поздравна реч на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.

Тој нагласи дека УКЛО со повеќе активности се придружува кон бројните институции и установи во државата што го празнуваат споменот на првиот македонски епископ и творец на познатата Охридска книжевна школа, по што се осврна на предизвиците насочени кон осовременување на Универзитетот и   зацврстување на неговата меѓународна репутација.

На настанот, во присуство на студенти, претставници од други универзитети, гости и вработени на УКЛО, доделени се награди на дипломираните со највисок просек и студентите-автори на најдобрите истражувачки трудови и есеи.

По повод Патрониот ден се одржа турнир во пинг-понг со учество на сите единици од  УКЛО.

Во рамки на чествувањето, пред споменикот на Св. Климент, во Ректоратот, положени се букети цвеќиња.

Одбележувањето на Патрониот празник на УКЛО се заокружува на 4 декември 2015 г. со промоција на нови доктори на науки.


Scroll to Top