Посета на делегација од Универзитетот во Каен (Регион Долна Нормандија) на УКЛО

09.12.2015

Делегација на Универзитетот во Кан, Долна Нормандија, предводена од проректорот за меѓународна соработка и развој,  проф. д-р Беноа Верон, го посети УКЛО на 7 декември 2015. Домаќини на средбата беа проректорите за настава, проф. д-р Марјан Ангелески, за наука проф. д-р Елизабета Бахтовска и за студентски прашања, проф. д-р Виолета Маневска.

На состанокот, проректорот Верон го претстави Универзитетот во Каен преку факти и бројки, со посебен осврт на процесот на интернационализација.

Во контекст на можностите за воспоставување релации за соработка, претставниците на двата универзитети понудија предлози за заеднички проектни активности во рамките на европските програми.

Република Македонија има пoтпипшано договор за соработка со Регионот Долна Нормандија. Станува збор за десетгодишна исклучителна соработка на повеќе полиња од заеднички интерес.


Scroll to Top