Регионална средба

10.12.2015

Во рамките на трипартитниот договор за соработка помеѓу педагошките факултети од Битола, Лерин и Корча деканите на овие високообразовни институции, на 09 декември 2015 година ги отпочнаа подготовките за третата меѓународна конференција Образование преку границите планирана да се одржи во октомври 2016 година.

Оваа прилика беше можност ректорот, проф д-р Сашо Коруновски заедно со своите соработници, проректорите проф. д-р Марјан Ангелески и проф. д-р Виолета Маневска да ги прими  ректорот на Универзитетот на Западна Македонија од Кожани проф. д-р Антониот Турлидакис како и проректорот на Универзитетот  Фан С. Ноли“ од Корча проф. д-р Б. Ставре.

За време на посетата, учесниците на средбата истакнаа бројни можности за соработка, почнувајќи од билатерални договори, преку Е+, па се до заеднички учества и партнерства во рамките на европските програми, со особен акцент на актуелниот европски приоритет, односно регионалната димензија.


Scroll to Top