Петта меѓународна конференција за Апликативни интернет и информациски технологии - AIIT2016

12.01.2016

Во периодот од 3 до 4 јуни, 2016 година, Факултетот за информациски и комуникациски технологии-Битола, Македонија, во соработка со Техничкиот факултет „Михајло Пупин“ – Зрењанин, Србија ќе ја организираат Петтата меѓународна конференција за апликативни интернет и информациски технологии - AIIT 2016.

Тема на оваа конференција е истражувачкиот и апликативниот аспект на бројни научни теми од областа на информатичката технологија. Тоа претставува одлична можност за истражувачите и практичарите да ги презентираат своите достигнувања во пријатна и креативна атмосфера.

Пријавените и селектирани трудови, по завршувањето на Комференцијата, ќе бидат објавени во меѓународно списание. (повик)

http://www.ersict.org/ 

http://aiitconference.org/


Scroll to Top