Даден во употреба објектот за ветеринарен факултет

25.05.2009

Реновираниот објект наменет за новиот Ветеринарен факултет во Битола даден во употреба.

На свеченоста присуствуваа премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, министерот за образование  и наука Перо Стојановски, преставници од Собранието на Република Македонија и гости од академската заедница.

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев рече дека идејата за Ветеринарен факултет стара две децении ќе овозможи развој на регионот.

Посакувајќи успех на новиот факултет Премиерот Груевски нагласи дека доколку Македонија сака конкурентно да се носи со новата констелација на односи во светот, ивестициите во образовниот систем мора да продолжат.

Ветеринарниот факултет ќе отпочне со работа во новата академска 2009/2010 година и во првата генерација ќе бидат запишани 45 студенти.

Scroll to Top