Израелски експерт за проекти за Холокаустот во посета на УКЛО

29.01.2016

Денес, 29 јануари 2016, ректорот Коруновски и проректорите Бахтовска, Маневска и Ангелески ја примија на работна средба м-р Леа Даби – Чаки од Израелското министерство за образование задолжена за проекти поврзани со Холокаустот и предавач на бројни високообразовни институции помеѓу кои и „Шем Олам“.

На работната средба, г-ѓа Чаки и раководството на УКЛО разгледаа можности за академска соработка со соодветни институции од Израел и разменија идеи за проектна соработка во рамките на расположивите фондови за поддршка.


Scroll to Top