Повик за студенти во рамките на Fulbright

01.02.2016

Амбасадата на САД, преку својот оддел за образовна размена и промовирање на програмите за студиски престои во САД, објавува отворен повик за аплицирање за студенти за академската 2017/18 во рамките на Fulbright програмата.

Во рамките на оваа Програма, студентите со завршени студии од прв и/или запишани на втор циклус, може да аплицираат за истражување и/или мастер студии, најдоцна до 31 мај 2016. Оnline апликацијата е достапна на следниов линк:  https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/, а дополнителни документи што треба да се приложат се и:

- добро образложена активност

- детално CV

- три препораки,

како и:

- копија од пасош

- копија од диплома или потврда за запишана студиска програма во соодветниот циклус и превод на англиски јазик

- потврда за работен однос (во случај кандидатот да е вработен).

Дополнителни информации:

Газменд Иљази

Канцеларија за односи со јавноста

Амбасада на САД во Скопје

e-mail: ilazig@state.gov


Scroll to Top