БИДИ КРЕАТОР НА СВОЈАТА ИДНИНА, УЧЕСТВУВАЈ НА ИЗБОРОТ ЗА НАГРАДА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2016

05.02.2016

УКЛО ќе биде дел од мрежата на лиценцираниот избор за награда за социјално претприемништво 2016 (Social Impact Award 2016) што ќе им овозможи на нашите студенти да бидат креатори на својата иднина и ќе придонесат во развојот на општеството.

Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna

Вкупниот фонд на наградите во Македонија е обезбеден од SPARKASSE BANK MAKEDONIJA и изнесува 6.000 евра, патување во Виена за најдобрите тимови, менторство и инкубациски период и многу други можности.

Дополнително ќе следи информација за настаните кои ќе се организираат во иднина, времето и местото на организирање на работилниците како и за  начинот на пријавување на натпреварот.


Scroll to Top