Средба со директорката на AmCham - Македонија

12.02.2016

Ректорот Коруновски, придружуван од проректорката Маневска и од своите соработници, беше домаќин на една интересна средба со извршниот директор на Американската стопанска комора во Македонија г-ѓата Мишел Османли.  Во AmCham  членуваат голем број компании со американски но и со меѓународен инвестициски капитал, а нејзината мисија е да се зајакне меѓународниот бизнис во РМ преку споделување најдобри практики, како и организирање  соодветни настани за промоција на одрживо и конкурентно, компетитивно милје за развој на меѓународниот бизнис. Овие цели на Американската комора се совпаѓаат со стратешката определба на УКЛО за интензивирање на соработката со опкружувањето и градење долгорочна и одржива соработка со деловната заедница. Токму ваквите и слични теми беа предмет на разговор, на размена на искуства од што произлезе и иницијатива за одржување заедничка конференција во периодот што следи,  на УКЛО, со учество на студенти, академски кадри, претставници од стопанството, со еден збор сите оние стејкхолдери што учествуваат во градење на врските – академија-индустрија.

Средбата се одржа во просториите на Ректоратот, на 11 февруари 2016 година.


Scroll to Top