Делегација од БИХ во посета на УКЛО

16.03.2016

Ректорот  на УКЛО, проф. д-р Сашо Корунoвски со неговите соработници остварија средба со  проф. д-р Младен Иваниќ од Универзитетот во Бања Лука и член на Претседателствотo на БиХ придружуван од Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Лепа Бабиќ.

На средбата беа разгледани перспективите за соработка меѓу двата универзитети кои имаат слична структура и големина, а воедно гостите беа запознати со активностите врз кои во моментот е фокусиран УКЛО, во период кога се одбележува јубилејот 1100 години од упокојувањето на Св Климент.

Во рамките на престојот на нашиот Универзитет, проф. д-р Младен Иваниќ, за студентите и академскиот кадар на УКЛО, на 16.03.2016 година во НУУБ одржа предавање на тема „БИХ - постконфликтно општество и европскиот пат“.

Инаку, станува збор за втора посета на Амбасадорот на БиХ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.


Scroll to Top