СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНАТА ЗАЕДНИЦА И УНИВЕРЗИТЕТИТЕ

25.03.2016

УКЛО, во соработка со Американската стопанска комора во Македонија (AmCham Macedonia) организира настан на тема Унапредување на соработката помеѓу универзитетите и деловната заедница што се одржа на 24 март 2016 во хотелот Капри во Битола. Целта на настанот беше зајакнување на интересот на компаниите од југозападниот регион на Република Македонија за соработка со универзитетската заедница преку вклучување во различни активности како што е практикантската работа на студенти.

Настанот го отвори Извршниот директор на AmCham Macedonia, г-ѓата Мишел Османли којашто ја претстави улогата на Комората, додека пак од името на ректорот на УКЛО присутните ги поздрави проректорот Марјан Ангелески, потврдувајќи го значењето на соработката помеѓу УКЛО и стопанските субјекти и на ваквите настани за подигнување на свесноста не само кај работодавачите туку и во академската заедница со што ќе се надмине јазот помеѓу капиталот на знаење што го нудат универзитетите и барањата на пазарот на труд.

Во работниот дел на настанот проректорките на УКЛО, проф. д-р Елизабета Бахтовска и проф. д-р Виолета Маневска ги претставија можностите и модалитетите за соработка помеѓу Универзитетот и деловната заедница, по што следеа претставувања на успешни приказни од страни на студенти и компании членки на AmCham Macedonia.

На настанот, организиран во рамките на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на патронот на УКЛО, Св. Климент Охридски,  беа присутни околу 70 учесници од бизнис секторот и академската заедница.


Scroll to Top