Саем за студирање во САД ќе се организира во Македонија

08.04.2016

На 12 април оваа година во Скопје,  Education USA Македонија и Амбасадата на САД во Македонија ќе организираат Саем за високо образовнаие во САД, со цел да ги запознаат потенцијалните студенти од Македонија со можноста за студирање во САД.

На настанот ќе се претстават 14 високообразовни институтции од Америка, кои го лоцираат Скопје, како дел од Југоисточно-Европската образовна тура, којашто, на овие простори, ќе се организира по трет пат.

Претставниците на американските високообразoвни институции ќе ги презентираат своите студиски програми за прв и втор циклус, како и можностите за стипендии и финансиска помош.

Повеќе информации за регистрација на овој саем можете да најдете на:

https://docs.google.com/forms/d/1heI9HxsZsnkSrI-OT8gOqm-_bl3wuhDkxc5qVSVXw_4/viewform


Scroll to Top