УКЛО учесник на Саемот за образование

14.04.2016

Традиционално, како и секоја година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола се претстави на манифестацијата  ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2016.

На настанот што се одржува од 14-16 Април 2016 година УКЛО ги презентира студиските програми од сите единици.

На Деновите на образование и кариера, УКЛО пред пошироката јавност и потенцијалните студенти настапува интегрирано, со сеопфатно презентирање на можностите за студирање на Универзитетот.

УКЛО е редовен учесник на промотивни настани кои нудат можности за афирмација на предностите и условите за едукација во трите циклуси на студирање.


Scroll to Top