УКЛО го одржа и традиционалниот ОТВОРЕН ДЕН

24.04.2016

Во претпладневните часови на 23 април 2016 година, на плоштадот Магнолија во Битола, на вистински хепенинг со динамичната музика на составот BRASS BROTHERS и низ духовитата анимација во изведба на актерот Никола Пројчевски, на 12 штандови, единиците во составот на УКЛО ја презентираа својата образовна понуда.

Пред бројната публика, опремени со промотивни брошури, флаери, плакати и сл. факултетите , во пресрет на  академската 2016/2017 година, ги претставија своите отсеци, насоки, студиски програми за потенцијалните студенти што ќе го одберат нашиот Универзитет како место за продолжување на своето образование.

Овој настан, во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола , покрај учеството на Саемот за образование и бројните индивидуални презентирања на единиците е дел од промотивната кампања што традиционално се организира пред и околу објавувањето на конкурсите за упис на нови студенти.

 


Scroll to Top