Одбележан Денот на основањето на УКЛО

25.04.2016

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на  22.04.2016 го одбележа Денот на основањето. Во поздравната реч, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски укажа на моќта на доброто образование како одговор на барањата на новото време, во насока на економски и општествен развој, со поттик кон знаењето, науката, истражувањето и иновативноста.

По повод пригодата, со свечен чин на промоција, на Тома Фила, еден од најреспектираните адвокати на овие простори и човек со извонредно богата професионална кариера му е доделена титулата почесен доктор на науки.

Настанот се одржа во Завод и музеј во Битола во присуство на ректори од други универзитети во земјата, академици и гости.

Во чест на новопромовираниот почесен доктор на науки на УКЛО, Тома Фила, попладнето, во хотел Епинал одржана е промоција на неговата книга „Завршна реч“. Делото го претстави промоторот, проф. д-р Миленко Креќа, кој се осврна на  значењето и влијанието што книгата го има во стручната и пошироката јавност.

По повод одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО, одржани се и други активности и манифестации. Покрај спортски  студентски натпревари во баскет, футсал и пинг – понг, во Завод и музеј Битола поставена е изложба од богатата збирка ликовни дела што ја поседува УКЛО.

Завршните настани посветени на Денот на основањето на УКЛО се заокружени со хепенинг во рамки  на Отворениот ден на УКЛО, што на 23 април се одржа на плоштад Магнолија и промоција на нови доктори на науки, настан којшто традиционално се одржува по повод прославите на Универзитетот. 


Scroll to Top