УСПЕХ НА УКЛО НА СОБИРОТ НА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

05.05.2016

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 4 мај на Педагошкиот факултет во својство на домаќин ги пречека студентите од Република Македонија, учесници на Студентскиот собир, манифестација по повод 9 Мај  Денот на Европа.

Од името на УКЛО, присутните ги поздрави проректорот, проф. д-р Виолета Маневска, која истакна дека во годината кога на државно ниво УКЛО се вклучува во одбележувањето на уште еден значаен настан, 1100 година од смртта на Св. Климент, обврската како продолжувачи на неговата просветителска дејност е понагласена, особено затоа што европските и хуманистички вредности се носечки императиви и на нашиот Универзитет.

Настанот отвори простор за студентска дебата на тема: „Чекајќи ја Европската интеграција: отселување од државата или борба за подобри можности на младите“, по што се одржа натпревар во ораторство на тема: „Долго време пред портата на Европската унија: каде е клучот?“

За најдобри говорници беа прогласени: Кристина Сибиновска, УКИМ, прво место, Стефани Арсовска ФОН, второ место и третото место го делеа претставниците од УКЛО, Филип Ристески од Педагошкиот факултет и Лина Димоска од Економскиот факултет.

Европското движење во Македонија е ностител на манифестацијата Собир на студентите од универзитетите во Република Македонија којашто годинава се одржа по десетти пат.

За севкупната организација и улогата на домаќин на годинашниот Собир на студентите од универзитетите во Република Македонија нашиот Универзитет доби пофалби  од сите учесници. 


Scroll to Top