Студиска посета во рамките на WaMPP Е+ проектот

02.06.2016

Во периодот од 26-27 мај Техничкиот факултет во Битола беше домаќин на третата по ред  студиската посета што ја реализираа партнерите од Србија и Словенија во рамките на проектот со акроним WaMPP и наслов  Развој на курикулуми за менаџмент со отпад во партнерство со јавниот  и прватниот сектор како дел од Клучната  акција 2 од ЕРАЗМУС + Програмата, наменета за  Соработка за иновации и размена на добри практики/Градење капацитети во областа на високото образование.

Координатор на проектот е Високата техничка школа за применети науки, од Ниш, Република Србија, а како локален координатор се јавува Техничкиот факултет односно  проректорката за наука, проф.д-р Елизабета Бахтовска.

Работниот дел од посетата беше посветен на презентации од страна на српските и словенечките учесници за напредокот во проектот и актуелните проектни активности, а за некои наши, локални позитивни практики, своите искуства ги споделија проф. Бахтовска и проф. Јаневска.

Во рамките на престојот беше посетена Енерганата на биогас Pelagonija Energy, а нејзиниот раководител, инаку поранешен студент на ТФ, Драган Китановски пред присутните го претстави нејзиното работење.

Покрај фактот дека овој тригодишен проект претежно го тангира подигнувањето  на нивото на образованието и оспособувањето на постоечката и перспективната работна сила во Република Србија во областа на менаџирањето со отпадот преку подобрување на капацитетите на високите стручни школи и на универзитетите, посредно, очекуваниот бенефит за нашата високообразовна установа е можноста проектот да дисеминира слични  студиски програми и генерално да придонесе за поизразена јавна свесност за значењето на процесот на менаџирање со отпадот и за можностите за целокупно подобрување на условите за живот.


Scroll to Top