Меѓународен настан за миграциската криза

02.06.2016

Во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и канцелариите на германската фондација „Конрад Аденауер“ во Македонија и Грција во периодот од 5 до 7 јуни 2016 година во ФБ  ќе се одржи тридневен меѓународен настан на тема „Migration on the Balkans: Common security challenges and Ways to cope with the prolonged crisis“.

На тридневниот настан учество ќе земат професори и студенти од Факултетот за безбедност-Скопје, од два универзитети од Солун и претставници од невладиниот сектор од Македонија и Грција.

Работен јазик на настанот е англиски.

Програма.


Scroll to Top