Состанок на BASILEUS конзорциумот на УКЛО

02.06.2016

На 25 и 26 мај 2016, УКЛО беше домаќин на редовниот состанок на административните кадри од канцелариите за меѓународна соработка на партнерските универзитети од BASILEUS конзорциумот.

На агендата на дводневниот состанок, покрај разгледувањето на динамиката на двата тековни проекти, EMA2 BASILEUS IV и EMA2 BASILEUS V, посебно место имаше дискусијата за состојбите со неодамна отворената можност од страна на Европоската комисија и ЕАСЕА за академска мобилност помеѓу програмски и партнерски земји (т.н. Credit Mobility). Ваквиот тип мобилност е подеднакво интересен и значаен за ВОИ од земјите членки и од земјите на Западен Балкан, па веќе зацврстените врски помеѓу партнерите во рамките на Конзорциумот претставуваат солидна основа за соработка и во овој сегмент што се реализира со логистичка и административна поддршка на канцелариите за меѓународна соработка.

Посебен дел од состанокот се посвети и на BASILEUS алумните – студенти од УКЛО, УКИМ и УЈИЕ и нивните лични искуства од периодите на мобилност во рамките на EМА2 проектите.

Како претставник на УКЛО БАЗИЛЕУС  Алумните со своја презентација настапи асистентката од Економскиот факултет, М-р Рената Петревска Нечковска којашто по шестмесечниот престој за размена во рамките на нејзините докторски студии во периодот што следи ќе го заокружи процесот на добивање двојна докторска диплома.


Scroll to Top