Доделено признанието „Инженерски прстен“ на Николина Шутиноска од Техничкиот факултет во Битола

21.06.2016

Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, по тринаесетти пат ја организираа манифестацијата „Инженерски прстен“ во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид, на 20.16.2016 година.

Престижното признание „Инженерски прстен“ ѝм се доделува на дванаесет најдобро дипломирани студенти од инженерските дисциплини на сите универзитети во Македонија и претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

Годинава, од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, честа да го добие „Инженерскиот прстен“ ѝ припадна на студентката на Техничкиот факултет – Николина Шутиноска.

Доделувајќи ѝм ги признанијата на младите дипломирани инженери, претседателот на државата, проф. д-р Ѓорѓе Иванов ѝм порача да бидат предводници на човечкиот потенцијал којшто ќе придонесе во развојот на државава и никогаш да не престанат да се усовршуваат и да ги применувате своите знаења и креативни потенцијали.

На манифестацијата присуствуваше комплетното Универзитетско раководство, како и деканатската управа на Техничкиот факултет.

Златниот инженерски прстен претставува круна од дабови лисја на чиј врв е вграден знакот на Инженерската институција на Македонија. Дабовите лисја во македонската традиција се симбол на чест и достоинство,  додека ѕвездата од знакот на Инженерската институција го симобилизира знаењето и синергијата од сите инженерски дисциплини.


Scroll to Top