ПОСЕТА НА ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР

15.07.2016

Нерезидентниот амбасадор на Израел во Република Македонија, НЕ Дан ОРИАН го посетиУниверзитететот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На средбата со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и неговите соработници,  се разговараше за повеќе можности за соработка на академско ниво, но и за предизвиците и потребите на Универзитетот во домени во кои може да се смета на поддршка и експертиза од страна на институции и установи во Израел.

Во пријатната едночасовна средба беше истакната и можноста за заедничко користење на европските фондови во рамките на  европските програми/проекти за  кои и двете земји се квалификувани за учество како што е Еразмус + и сл. програми.

Покрај другите предлози што беа разменети, Ректорот Коруновски понуди УКЛО да биде домаќин на работилница на тема:  start-up ,  што би била водена од израелски експерти, а со цел  сензибилизација на академската јавност и другите стејкходери од опкружувањето на Универзитетот за овие современи модалитети за започнување  и водење бизниси.

Средбата се одржа во Ректоратот,  на 15 јули 2016 година.


Scroll to Top