УКЛО организира Работилница за изработка на мозаици

10.08.2016

Од 09.08.2016 до 21.08.2016 година на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се одржува Работилница за изработка на мозаици.

Настанот е една од активностите во рамки на Програмата за одбележување на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

На Работилницата за изработка на мозаици  учествуваат студенти од УКЛО. Работилницата за изработка на мозаици ќе ја раководи стручен тим од Институтот за старословенска култура од Прилеп, под менторство на Академик Газанфер Бајрам.

Мозаикот посветен на јубилејот 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски ќе биде поставен пред споменикот на Патронот, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

 


Scroll to Top