TERRA MED инфо ден

23.08.2016

На 22 август 2016 година во просториите на Хотелот Милениум во Битола се одржа Инфо ден за проектот „Проценка на деградација на почвата и рехабилитациони стратегии за планирање на одржливо искористување на на земјиштето“ познат под акронимот TERRA MED.

На настанот во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и Факултетот за биотехнички науки – Битола, најпрво се обрати ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, кој се осврна на континуираното учество на Универзитетот во меѓународни проекти финансирани од страна на ЕУ, во чиишто рамки припаѓаат и проектите од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Присутните имаа можност да слушнат повеќе информации за текот на проектот којшто опфаќа низа активности поврзани со заштитата на животната средина презентирани од страна на м-р Иван Кунгуловски – проектен координатор, проф. д-р Џоко Кунгуловски, логистички експерт, проф. д-р Трајче Стафилов – екстерен научен експерт и доц. д-р Мила Арапческа – член на проектниот тим.


Scroll to Top