КОНКУРС за стипендии
06.09.2016
Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,,-Битола од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Техничкиот факултет-Битола, електротехнички отсек.
Со стипендирање на 1 (еден) студент , ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Техничкиот факултет-Битола.
Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I-ва, II-ра, III-та и IV-та година, во учебната 2015/2016 година на електротехнички отсек.
Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.
Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.
Обврски на корисникот на стипендијата:
- да достави потврда за редовен студент запишан во тековната година;
- да достави Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
- студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
- други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните студенти е потребно:
- да пополнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
- да подготват мотивациско писмо
Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 19.09.2016 од 12:00 часот.