14-та Меѓународна младинска конференција во Крушево

07.09.2016

Младинската алијанса од Крушево, во септември, по 14-ти пат ја организира Меѓународната младинска конференција на тема  „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“.

Според соопштението на Алијансата, оваа Конференција има за цел да ги поврзе младите лидери и активисти од регионот, кои значително би влијаеле врз решавањето на отворените регионални прашања.

Повеќе за Програмата на Конференцијата и можноста за учество,  можете да најдете на http://krusevoconference.org.mk/c.php?cID=159 и http://www.krusevoconference.org.mk/application.php


Scroll to Top