НЕ Рудолф Шустер, промовиран во почесен доктор на науки на УКЛО

12.09.2016

Со пригодна свеченост, на 12 септември 2016 година, во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола на НЕ господинот Рудолф Шустер, поранешен претседател на Словачката Република доделена му е титулата Почесен доктор на науки.

На чинот на промоцијата, покрај ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, за професионално - творечкиот пат на Рудолф Шустер говореше и претседателот на Рецензентската комисија, професорот Јордан Плевнеш. Истакнато е дека НЕ Рудолф Шустер  е значајно име како во словачката политичка историја така и во делот на книжевноста, публицистиката и документарната литература.

Иницијативата за доделување титула почесен доктор на науки  за господинот Рудолф Шустер е иницирана и силно поддржана од словачкиот Амбасадор Бежак, кој присуствуваше на настанот, придружуван од  тимот најблиски соработници.

Со најновата промоција УКЛО ја продолжува заложба за обезбедување меѓународна видливост на Универзитетот преку бројни активности.


Scroll to Top