Прв академски час

15.09.2016

По повод новата академска година на УКЛО е одржан заеднички Прв час за студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Факултетот за биотехнички науки – Битола.

На настанот, покрај обраќањето на деканите од ФИКТ И ФБН:  проф. д-р Пеце Митревски и  проф.д-р Љупче Кочоски, добредојде во новата средина и успех во студирањето упати ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски. Тој истакна дека приоритет на УКЛО е интензивирање на активностите за подобрување на квалитетот на студиите и интегрирање во европскиот високообразовен и научно-истражувачки простор.

На одбележувањето на почетокот на новата академска година присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска која го нагласи фактот дека двата факултети се во редот на технолошките науки, каде што технологијата се применува  во секој аспект, а она што е заеднички именител тоа е значењето на  информатиката и храната се како многу важни ресурси.

На заедничкиот Прв академски час Ректорот им ги додели индексите на најдобро рангираните бруцоши од двете единици на УКЛО кои се ослободени од плаќање на трошоците за студирање,

Одбележувањето на стартот на академската година за студентите од најмладата и една од најстарите единици на УКЛО е во духот на интегрираноста на Универзитетот.

Денешниот почеток  пригодно е  означен и на другите единици на УКЛО кои  со официјалната настава започнуваат на 19 септември 2016 година.


Scroll to Top