Билатерален договор со Универзитетот Аристотел од Солун

19.09.2016

На 19 септември 2016 година, делегација од Универзитетот Аристотел од Солун,предводена од ректорот и неговите најблиски соработници, проректорите, оствари званична посета на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Целта на посетата беше потпишување билатерален договор за соработка којшто го потпишаа двајцата ректори  проф. д-р Сашо Коруновски и  проф. д-р Периклес Миткас. Со официјализирањето на досегашната , претежно парцијална, факултетска и индивидуална, академска соработка,  се обезбедува широка рамка за реализација на  заеднички академски форми на соработка, размена на студенти и академски кадри, учество во заеднички европски и други проекти и сл.

Билатералниот договор на двете установи, покрај академското има и пошироко културно значење  во продлабочувањето на  културно-историските  врски помеѓу  Битола и Солун.

Овој договор коинцидира со заложбите на УКЛО за интензивирање на билатералната соработка со високообразовни институции од поширокото опкружување.


Scroll to Top