Соработка УКЛО – Шпаркасе банка

20.09.2016

На 20 септември 2016 година во Ректоратот на УКЛО, генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев и ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски потпишаа Меморандум за соработка.

Со Документот се официјализира взаемната поврзаност меѓу двете установи и се отвора простор за продлабочување на соработката во насока на поддршка на развојни проекти и унапредување на едукацијата. Воедно, преку проектите на банката за студентите на УКЛО на располагање се повеќе можности меѓу кои: изведување практична настава, апликација во пакетот за Југоисточна Европа со едногодишни студии во Грац наменет за најдобрите студенти  и други пакети за млади, со различни поволности.

Потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу УКЛО и Шпаркасе банка е дел од стратешките заложби на УКЛО за поголемо поврзување со деловниот свет, бизнис секторот и воопшто градење нови релации со опкружувањето.


Scroll to Top